Огласувај

Огласува.ме ви овозможува едноставно, брзо и лесно пуштање на огласи. Потребно е само да ја одберете категоријата во која ќе огласувате и да ги внесете податоците за огласот:

 

При пуштање оглас, имајте ги во предвид следните неколку работи:

  • За различни категории има различни полиња кои треба да се пополнат. Некои од тие полиња се задолжителни а некои не. Задолжителните се обележани со подебел фонт на лабелата.
  • Од контакт полињата задолжително мора да се внесе барем едно - телефон (мобилен или домашен) или имејл адреса.
  • Лозинка се внесува за секој оглас што го пуштате. Таа лозинка е лично ваша, може да биде секогаш различна или иста и служи за дополнителна администрација на огласот т.е. бришење на истиот ако не сте задоволни од него или негова обнова ако не сте ја реализирале вашата цел во одреден временски период.
  • Доколку податоците се валидни, ќе бидете префрлени на перманентната страна на огласот. Во овој момент сите корисници на Огласува.ме може да го видат вашиот оглас. Од оваа страна, вашиот оглас можете да го објавите на популарните сервиси како facebook или twitter, да го букмаркирате во del.icio.us или google bookmarks или да го пуштите по имејл.

Во продолжение ви нудиме неколку незадолжителни препораки за поефикасно огласување и поголема видливост на вашиот оглас:

  • Одберете ја соодветната категорија и цел на огласот. Тоа е 50% од видливоста на истиот.
  • Во заглавјето ставете кратка реченица што го опишува огласот. Трудете се заглавјето да биде што е можно подескриптивно и поуникатно за вашиот оглас. Пр.: „продавам стан во аеродром“, „купувам фиат пунто“ итн. Наслови како "P-R-O-D-A-V-A-M", "****PRODAVAM-MOBILEN*****" и слично не привлекуваат поголемо внимание на ниедно место во сајтот, дури имаат и спротивен ефект.
  • Во содржината, целосно и точно опишете го предметот на огласување, притоа држејќи се до детали за истиот.
  • Доколку сакате да прикачите лого на вашата компанија имајте во предвид дека сликите на одредени места автоматски се прилагодуваат и оптимално би било вашето лого да биде во однапред прилагодена слика со еднаква висина и ширина, на пр. 300x300 или 500x500 пиксели.
  • Пуштете глас за огласот и за порталот. Користејќи ги опциите за букмаркирање во сервисите и споделување на социјалните мрежи, обезбедувате многу поголема публика која ќе го прочита вашиот оглас.
  • Информациите може да бидат внесени во кирилица и латиница. Доколку огласувате на латиница обрнете внимание на некои букви:
  • За ѕ користете латинично z
  • За ж користете латинично zh
  • За џ користете латинично dz
  • За ќ користете латинично kj
  • За љ користете латинично lj
  • За њ користете латинично nj
  • За ч користете латинично ch
  • За ш користете латинично sh